Колку Филипинци пристигнале годинава во Хрватска?
Скоро 13.000 Филипинци годинава пристигнале во Хрватска. Тоа значи дека 9.4 отсто од работните дозволи се издадени на Филипинците.
Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, денеска ја претстави
Неделата на хрватско-филипинско пријателство во Манила со цел зајакнување на работничките
права и обезбедување работни места, објави Министерството за надворешни работи.
„Со оглед на растечкиот број филипински работници во Хрватска, луѓето претставуваат можеби највредниот аспект на сè поблиските односи меѓу двете земји“, изјави хрватскиот министер.
Филипинците се четврти по бројност странски работници зад граѓаните на Босна и Херцеговина(БиХ), Непал и Србија, според
податоците од Министерството за внатрешни работи.
foto Wikipedia/Antonio199cro
