Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските фабрики трошат трипати повеќе енергија отколку европските

Македонските фабрики трошат трипати повеќе енергија отколку европските

Македонските компании трошат трипати повеќе енергија за да произведат иста количина стоки во споредба со европските. Во земјава се трошат 336,3 килограми нафтен еквивалент енергија за да создадат 1.000 евра бруто до­ма­шен про­из­вод (БДП), покажуваат податоците на Евростат за 2015 година. Просекот на ниво на 28 земји- членки на Европската унија изнесува 120,4 килограми нафтен еквивалент.

Енер­гет­ска­та ин­тен­зив­ност е мер­ка што ја по­ка­жу­ва ефи­кас­нос­та на ед­на еко­но­ми­ја во пот­ро­шу­вач­ка­та на енер­ги­ја за да про­из­ве­де од­ре­де­на вред­ност. Овие податоци покажуваат дека, на пример, една македонска фабрика за чевли троши три пати повеќе енергија за да произведе еден пар обувки отколку некоја фабрика во Германија или друга европска земја.

Сепак, споредено со дру­ги­те зем­ји во регионот, Ма­ке­до­ни­ја се наоѓа некаде во средината на оваа скала. Најдобри резултати на Балканот според овој индикатор покажува Грција, ка­де што, за да се до­бие БДП во вред­ност од 1.000 ев­ра се пот­реб­ни 132,5 килограми нафтен ек­ви­ва­лент енер­ги­ја, а потоа следат Словенија со 177,6 ек­ви­ва­лен­тни килограми, Хрватска со 192,9 и Албанија со 223,6 килограми нафтен еквивалент. Најло­шо стои Косово, ка­де што за ис­та­та на­ме­на се тро­шат 490,4 ек­ви­ва­лен­тни килограми , а зад нас се Србија со 486,1, Бугарија со 448,5 и Црна Гора со 301,1 килограми нафтен еквивалент.

Според индикаторот за енергетска интензивност, Република Македонија се уште спаѓа во групата земји со висок степен на бескорисно потрошена енергија, односно има голем простор за намалување на енергетските трошоци на компаниите.

Инаку, овој по­ка­за­тел за­ви­си од го­лем број фак­то­ри, ка­ко што се еко­ном­ска­та струк­ту­ра на зем­ја­та, степенот на опременост на фабриките, кли­ма­та, жи­вот­ни­от стан­дард, тран­спор­тни­те на­ви­ки и дру­го.

- За да се добијат подобри резултати неопходно е да се инвестира. Најтешко за секој е да се откаже од опрема што функционира, но со ваквата опрема трошоците за енергија и тековно одржување се многу поголеми, а и квалитетот на производот е помал. Затоа треба да им се укаже дека е неопходна замена на застарената опрема со современа која нуди поголемо производство и повисок квалитет со помало трошење на енергија, со што се добива заштеда во одржување од 30 до 40 отсто- вели проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ.

(М.Б.)

Слично

Поврзани вести