Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку енергенти се потрошени во септември?

Колку енергенти се потрошени во септември?

Во септември 2017 година, во Република Македонија,  вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 506 157 МWh електрична енергија, 13.336 мил. нм3  природен гас, 391 928 тони јаглен и 85 266 тони нафтени продукти.

Oва е според податоците на Државниот завод за статистика. 

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71.2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.8 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на  електрична енергија.

Слично

Поврзани вести