Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку електрична енергија е потрошена во февруари?

Колку електрична енергија е потрошена во февруари?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2017 година, во Република Македонија,  вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 715 195 МWh електрична енергија, 37.992 мил. нм3  природен гас, 519 411 тони јаглен и 68 691 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82.8 % во бруто-домашната потрошувачка  на електрична енергија, додека 97.3 % од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на  електрична енергија

За споредба во јануари 2017 година, во Република Македонија,  вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 914 376 МWh електрична енергија, 54.214 мил. нм3
природен гас, 586 412 тони јаглен и 77 141 тони нафтени продукти.  Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 79.0% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.8% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Слично

Поврзани вести