Колку е задолжена Бугарија?
Консолидираниот долг за првиот квартал од 2016 година изнесува 26 473 милиони лева или 30,3% од БДП, според објавените податоци од Еуростат.
Во последните години нагло се зголеми долгот на Бугарија. Еве кратка ретроспектива како долгот растеше: за 2011 година државниот и државно загарантиран долг беше 12,8 милијарди лева односно 15.3% од БДП, за 2012 година, соодветно - 14,7 милијарди лева или 17.6%, за 2013 година - 14,9 милијарди лева или 18% и за 2014 година - 22,7 милијарди лева и 27.10% од БДП.
Во 2015 година владата побара од пратениците да го одобрат тригодишниот договор за долг од 8 милијарди евра. Во Законот за Државниот буџет за 2016 година е одреден лимит за нов долг во износ од 5,3 милијарди, од кој 3.9 милијарди лева од надворешните пазари.
Овие податоци се загрижувачки и покажуваат дека трендот за зголемување на долгот останува. Истото се потврдува и од податоците за трошоците за камати кои за 2016 година се во износ од 774 милиони лева.
