Колку е вкупниот промет на Македонската берза?
Вкупниот промет на Македонската берза денеска беше нешто повеќе од 10 милиони денари, остварени преку 41 трансакција и притоа беше истргувано количество од 142.333 лотови.
Најголем промет од 7.989.606,10 денари беше реализиран со количество од 140.000 обврзници за денационализација РМДЕН15, истргувани преку 16 трансакции по просечна цена од 92,50 проценти од номиналната вредност.
Најгоре на листата на прометот по акции беше акцијата на Алкалоид АД Скопје, како единствена акција со промет од над милион денари. Денот го заврши на вредност од 5.020 денари, со пад на вредноста на акцијата од 0,15 проценти.
Листата на добитници ја предводеше акцијата на Макпетрол АД Скопје, со раст од 10 проценти и просечна цена од 21.472 денари. Зад неа следеше акцијата на РЖ Услуги АД Скопје со раст на акцијата од 3,17 проценти и просечна цена од 65 денари.
Индексот МБИ-10 забележа раст од 1,81 проценти и заврши на вредност од 1.759,69 индексни поени, а индексот ОМБ, и покрај остварениот поголем промет, остана непроменет на вредност од 126,89 индексни поени.
