Колку е просечната плата во БиХ?
Просечната исплатена нето плата по вработен во Федерацијата БиХ во јули изнесуваше 1.628 конвертибилни марки (КМ), што е околу 832 евра, објави Федералниот завод за статистика на ФБиХ.
Споменатиот износ е номинално поголем за 3,2 проценти, а реално за три проценти, во споредба со претходниот месец, објави порталот Klix.ba.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната плата по вработен е номинално поголема за 17,4 проценти, а реално за 12,3 проценти.
Најголемо зголемување на просечната плата во јули во споредба со претходниот месец е забележано во дејностите здравствена заштита и социјална заштита (14,2 проценти), производство и снабдување со електрична енергија, гас, пареа (9,4 проценти) и финансиски и осигурителни дејности за (5,0 проценти).
Во исто време, најголемо намалување на просечната плата е забележано во образованието, за 1,4 проценти.
