Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ Е ПОЕВТИН ОДМОРОТ ВО СЕПТЕМВРИ?

КОЛКУ Е ПОЕВТИН ОДМОРОТ ВО СЕПТЕМВРИ?

Иако за многумина почетокот на септември значи крај на летото, за семејствата со мали деца кои не се на школска возраст, за пензионерите и за штотуку венчаните одморот допрва почнува. Пријатните септемвриски денови сигурно многумина ќе ги натера да испланираат уште еден одмор, а туристичките агенции за сите нив подготвија атрактивни понуди.

На излозите веќе можат да се видат излепени плакати со понуди за седумдневен престој во познатите туристички места на Егејското Море по цена од 100 евра, а пакет- аранжманите за Турција, Шпанија, Италија се намалени до 500 евра.

- Се побарани се аранжманите во септември, особено во блиските туристички места во Грција, кои ги нудиме со посебни попусти и вонсезонски цени. Најдобар доказ за тоа е дека речиси се продадени сите соби кои ги имаме закупено во познатите одморалишта на егејскиот брег за групите кои тргнуваат на 2. и на 9. септември. Цените се до 50 отсто пониски во споредба со шпицот на сезоната, во јули и во август, а сместувањето е бесплатно за трето и четврто лице- вели Стефан Ристовски од агенцијата „Балкан турист“ од Кавадарци.

Септемврискиот одмор не носи само заштеда на цената на аранжманот, туку вообичаено се е поевтино во местата за летување, како лежалките на плажа, изнајмувањето реквизити, бродски тури, пијалоци и јадење во ресторани и слично.

Оваа година државниот празник 8 Септември се паѓа во петок, што значи споен викенд и можност за ново „полнење на батериите“ по летниот одмор.

- За празникот најбарани се поблиски локациите, како Грција, а голем интерес има и за бањските и планински одморалиштата во Бугарија. Послабо се бараат подалечни дестинации, за нив интересот расте во следните месеци, откако ќе помине еуфоријата од летните одмори, а клиентите ќе ги стабилизираат домашните финансии - вели Ана Крстевска Каламадевска од „Савана“.

М.Б.

Слично

Поврзани вести