Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку е богат Стево Пендаровски?

Колку е богат Стево Пендаровски?

Актуелниот национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО Стево Пендаровски кој ќе се обиде да ја добие довербата на граѓаните и да седне во фотелјата шеф на државата во имотниот лист на свое име пријавил моторно возило Југо темпо кое се проценува на 1000 евра и е старо 20 години. 

На име на брачен другар Пендаровски , со кој СДСМ и ДУИ ќе трчаат на избори против ВМРО ДПМНЕ и Силјановска пријавил Рено Меган во вредност од 360 000 денари.

На свое име Пендаровски има и девизна штедна книшка на која има над 12 илјади евра којја ја пријавил како стекнато наследство а на девизната сметка на брачен другар има 3000 евра.

Во имотниот лист на Пендаровски нема недвижен имот.

Пендаровски дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, а магистрирал и дикторирал на Институтот за социолошки и политички правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје.

Слично

Поврзани вести