Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку државни пари ќе дадеме за Дура Аутомотив, Баумер, ОДВ - Електрик и другите

Колку државни пари ќе дадеме за Дура Аутомотив, Баумер, ОДВ - Електрик и другите

Дура Аутомотив е странската инвестиција која ќе добие најголема државна помош од сите странски инвестиции за кои Владата оваа година одобри субвенции, а деновиве се објавени како одобрени од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Американската компанија кој произведува делови и прибор за моторни возила и најави инвестиција од 18 милиони евра ќе добие 2,8 милиони евра, од кои 1 милион стандардни и 1,8 дополнителни до завршувањето на инвестицијата. Дура Аутомотив ќе добива и помош по вработен со над 18.000 денари плата, иако не се наведува колку ќе биде износот по глава, додека за другите инвеститори субвенцијата од 2.000 до 3.000 евра е експлицитно пропишана.

Помошта за самите инвестиции во смисла на градба и вработени се јасно наведени со бројки, наместо фамозните ХХХ-договори кои беа карактеристика на претходната власт. Покрај активната парична помош, тука влегуваат и стандардните ослободувања во наредните 10 години од плаќање на персоналниот данок на доход и данокот на добивка, ДДВ, царински ослободувања и олеснувања; плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште и изземање од обврската за поднесување на гаранција на царински долг

Прилепската компанијата за електрични апарати за домаќинство ВИК Македонија  ќе добие финансиска поддршка во износ до 10 отсто но не повеќе од еден милион евра за набавка на нови машини и опрема, објекти и земјиште во период од 5 години. Предвиден е и не повеќе од еден милион или 10 отсто за веќе реализираните инвестициски трошоци.

Пари има и за Костал од Охрид, з акоја Владата дава готовински грант во износ до 10 проценти, но не повеќе од милион евра од планираните инвестиции, плус дополнителна помош во износ до 10 отсто од инвестициските трошоци во три годишни транши по исполнување на условите од договорот. За оваа компанија има и по 2.000 евра за првите триста вработени со плата од над 18.000 денари и по 3.000 евра за следните 50 вработени.

Прецизно сe наведени сумите и за другите компании. Добиваат Баумер, Таламон Европа... Во продложение е листата.

Баумер (Скопје), напредна сензорска технологија, апарати и инструменти за мерење и навигација

- Помош до 10% (не повеќе од 1 милион евра) за нови машини и зграда во зоната направени до датумот на завршувањето на инвестицискиот проект

Таламон Европа (Скопје) електрични кабли за автомобилска индустрија

- Готовински грант во износ до 10% пред инвестицијата, но не повеќе од 1.000.000 евра во денарска противвредност

- Дополнителна државна помош во износ до 10%, но не повеќе од 1.000.000 евра во период од 5 години од датумот на почетококт на инвестицијата.

- Готовински грант за вработени со месечна нето плата повисока за најмалку 50% од висината на минималната нето плата во период од 4 години 

Кранфилд Фаундри (Пробиштип) Леарница

- 2.000 евра по работно место во период од 4 години за вработен со плата од најмалку 18.000 денари

- Исплата на кеш грант во износ до 10% (но не повеќе од 1.000.000 евра) пред инвестицијата

- Дополнителна државна помош во износ до 10% ( не повеќе од 1.000.000 евра) во период од 5 години во текот на инвестицијата.

ОДВ - Електрик (Струга) електронска и електрична опрема за возила

- Помош во висина до 10% за набавка на нови машини и изградба на зграда во зоната направени, но не повеќе од 1.000.000 евра 

- Дополнителна државна помош во висина до 10% за вториот инвестициски проект, по исполнување на посебни услови, но не повеќе од 1.000.000 евра

Дура Аутомотив (Скопје) делови и прибор за моторни возила

- Државна помош во висина од 10%, но не повеќе од 1.000.000 евра за инвестиции

- Државна помош по вработен со нето-плата најмалку 50 отсто повисока од минималната

- Дополнителна државна помош под посебни услови во висина од 10% односно до 1,8 милиони евра од инвестициските трошоци.

Александар Кузмановски

Слично

Поврзани вести