Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку државата се задолжи и колку раздолжи во април?

Колку државата се задолжи и колку раздолжи во април?

Од достапните податоци се гледа дека новото задолжување во април е 87 милиони евра, а во исто време раздолжени се 31,56 милиони евра. Разликата е 3,4 милијарди денари во корист на новото задолжување. Во табелата на која е прикажана состојбата на долг во државни хартии од вредност заклучно со 26 април пишува дека долгот е 94,21 милијарди денари и тоа е за 1,23 милијарди денари повеќе од 26 март годинава кога состојбата била 92,98 милијарди денари. Колку е новото задолжување 3,4 милиајрди денари или 1,23 милијарди денари????

Министерството за финансии минатиот месец, април, задолжи нови 5,38 милијарди денари (87 милиони евра) на домашниот пазар на капитал покажуваат најновите податци што ги објави Министерството за финансии на својата интернет страница. Во истиот период односно во април годинава Министерството раздолжило 1,95 милијарди денари (31,56 милиони евра).

Ново задолжување во април

Официјалните податоци покажуваат дека во април се направени нови задолжувања во 12 месечни записи, во 6 месечни записи, во 2 годишни обврсници, во 5 годишни обврзници, во 15 годишни обврзници и во новиот инструмент 30 годишна обврзница. Кај 6 месечните записи новото задолжување е направено на 3 април и се позајмени 249,95 милиони денари со рок на оптлата од 6 месеци. Кај 12 месечните записи се позајмени 1,13 милијарди денари на 3 април и уште 2,4 милијарди денари денари на 24 април. Кај 2 годишните обврзници се позајмени 300 милиони денари на 3 април. Кај 3 годишната обврзница се позајмени 450 милиони денари на 16 април, кај 15 годишната обврзница се позајмени 100 милиони денари на 4 април и кај новата 30 годишна обврзница се позајмени 1,2 милијарди денари на 24 април. Вкупно новото позајмување во април е 5,38 милијарди денари. Најмногу пари се позајмени на 24 април : 3,6 милијарди денари односно речиси 60 милиони евра.

Вкупното задолжување остварено на 3 и на 24 април е 5,38 милијарди денари.

Колку се раздолжени во април?

Според јавно достапните податоци во април се раздолжени 6 месечни и 12 месечни записи, тригодишна и петгодишна обврзница. Кај 6 месечните записи се вратени 328,7 милиони денари, кај 12 месечните записи се вратени 750 милиони денари, кај 3 годишните обврзници се вратени 450 милиони денари и кај 5 годишните обврзници се вратени уште 421,8 милиони денари. Најмногу пари се вратени на 3 април и тоа 1,18 милијарди денари, на 4 април уште 251,8 милиони денари, на 16 април уште 450 милиони денари и на 25 април уште 170 милиони денари.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести