Колку дожд наврна ноќеска во Скопје?
До осум часот водниот талог наврнат во Скопје Петровец бил 41 литар на метар квадратен, соопштуваат од УХМР.
Во последните 24 часа најмногу дожд, 51 литар на метар квадратен, наврна во Крушево, а најмалку, само еден литар наврна во Берово. Во Демир Капија паднаа 40 литри дожд на квадрат, во Тополчани 32, во Тетово 30, во Маврово 29, во Битола 28, во Ѓуриште 27, во Охрид 19, во Претор 18, во Пожаране 16, во Лазарополе 14, во Куманово 13, во Виница 11, во Прилеп, Дебар, Гевгелија, Штип и Пожар 9, а во Крива Паланка два литра.
Македонија денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
Во наредните неколку часа оваа облачност ќе се намали и во северните делови ќе има само повремен дожд.
Нестабилност има и во југозападните делови и повремен пороен дожд во претпладневните часови ќе има и на западот од земјата.
Попладне ќе остане нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, но тие ќе се почести на југ и југозапад.
Дневната температура ќе се движи од 25 до 31 степен.
