Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку должеше Југославија, а колку денес должат републиките?

Колку должеше Југославија, а колку денес должат републиките?

По распадот на СФРЈ долгот на земјите кои беа дел од неа е четири пати поголем. 

Ескалација на задолжувањата на СФРЈ имаше од 1975 до 1980 година, кога од 6 милијарди долари долгот скокна на 16 милијарди долари. 

За разлика од многу други должници, Југославија на време ги исполнувала своите обврски, пишува Еспресо.рс. 

Цела Југославија должела 15 милијарди долари. 

Некогашните републики откако станаа независни денес должат 145 милијарди долари. 

Денес Хрватска, Словенија и Србија имаат единечно поголем надворешен долг од оној на Југославија. 

Со распадот на СФРЈ републиките ја изгубиле економската база, големиот пазар, кадровскиот потенцијал, а војните дополнително ги ослабнаа земјите. 

Како резултат на тоа дојде до неконтролиран увоз, потрошувачка, дефицит, без да расте производството и продуктивноста. 

На листата според задолженост прва е Хрватска, потоа следи Словенија, па Србија, Македонија, БиХ и Црна Гора. 

Целиот текст овде. 

Слично

Поврзани вести