Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку должат Грците на банките, даночните служби и пензиските фондови?

Колку должат Грците на банките, даночните служби и пензиските фондови?

Граѓаните на Грција на банките, даночните служби и пензиските фондови им должат 230 милијарди евра. 

Ова го  покажуваат податоците на грчкиот парламент. Во новиот тримесечен извештај буџетската комисија на парламентот посочува дека задолженијата на физичките лица пораснале драстично.  Кон крајот на јуни, државниот долг надминуваше 328 милијарди евра. 

„Големината е таква што наскоро приватните обврски ќе се доближат до големината на државниот долг“- стои во извештајот.

Приватните долгови кои „тежат“ скоро 230 милијарди евра, отпаѓаат околу 110 милијарди евра за кредити, 93 милијарди евра за обврските кон даночните служби, а 25 милијарди евра за пензиските фондови.  

Како што пишува „Имерисија“, ситуацијата потсетува на темпирана бомба, која може да ја дестабилизира економијата во државата. 



Слично

Поврзани вести