КОЛКУ ДОЛГО ТРЕБА ДА МИРУВААТ ДЕЦАТА ПО ПРЕЛЕЖАН КОВИД: Клучен период за да не дојде до постковид компликации, пулмологот Остојиќ со сите детали
Српскиот пулмолог
и педијатар, д-р Оливера Остојиќ, по смртта на 13-годишното дете од Сомброр,
кое почина како последица од пулмонална емболија по прележан ковид, дури еден
месец по излекувањето, денеска проговори за сите можни компликации кај децата
коин се јавуваат по заразувањето, без разлика дали имале благи симптоми или
тешка форма на болеста.
„Долго време зборуваме за постковид синдром, односно кај децата тоа се нарекува мултисистемски воспалителен синдром, кој се јавува и кај асимптоматски или благи форми на корона по четири, шест или осум недели од дијагностицирањето. Тоа значи целосно уништување на неколку органи, белите дробови, оштетувања на срцето, бубрезите, црниот дроб, што е голема е веројатнос дека мултисистемски воспалителен симдром имало и ова момче. Бидејќи знаеме дека ковид најголем напад прави на коагулациониот систем и крвните садови,што исто така е дел на тој мултисистемски воспалителен систем, па многу е веројатно е дека за жал, тоа момче имало ваква компликација што се случувала кај децата, но не толку честа и не кај сите завршувале вака фатално, изјави д-р Остојиќ во гостувањето на ТВ Прва.
Д-р Остојиќ даде и совет како да се спречат ваквите компликации кај децата.
„На сите деца кои престојуваат кај нас им се советува да бидат дома одреден период по напуштањето на болницата и да ги ограничат и намалат физичките напори. На оние кои имале поблага форма на болеста им се препорачува да го пропуштат училиштето две недели и да немаат било каков физички напор. Подолг режим на закрепнување се препорачува на децата кои имале умерена и тешка клиничка слика, пневмонија на двете или само на едното белодоробно крило, кои примале терапија со кислород. Нив ги советуваме да бидат во некоја фаза на одмор дури три, четири, па и шест месеци. Тоа е превенција и тоа се мерки што можеме да ги користиме за да спречиме компликации“.
Она што сигурно ги загрижува сите родители чии деца имале ковид или моментално се лекуваат од инфекцијата е дали е можно да се препознаат симптомите кои укажуваат на компликации.
„Родителите можеа сами да препознаат дека, месец и пол до два по прележан ковид, детето наеднаш се разболува - се чувствува лошо, има температура, повраќа, има дијареа, бодежи во градите... тогаш дефинитивно треба да повика лекар веднаш“, вели д-р Остојиќ, нагласувајќи дека иако се повеќе деца се заразуваат со ковид, добрата работа е што тие релативно добро минуваат низ лекување.
ФОТО: SCREENSHOT/TV PRVA