Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку деца се родиле во второто тромесечје во Македонија?

Колку деца се родиле во второто тромесечје во Македонија?

Наталитетот во Македонија бележи негативен тренд.

Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со истиот период лани е намален за 2.8% и изнесува 5 559 живородени деца.

Според податоците на Државниот завод за статистика, природниот прираст изнесува 782 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Висок наталитет има општина Чаир каде се родиле 263 деца, а во истиот период починале 145 луѓе.

Во Куманово се родиле 289 деца, а починале 244 луѓе.

Во Струга се родиле 205 бебиња, а починале 105 луѓе.

Во Струмица се родиле 165 деца, а починале 135 лица.

Во општина Тетово се родени 309 деца, а починале 183 луѓе.

Во Студеничани се родени 122 деца, а починале 29 луѓе.

Во другите општини бројот на родени деца е помал.

Слично

Поврзани вести