Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку далеку е грчкиот туризам?

Колку далеку е грчкиот туризам?
Минатата година Грција инкасира 10,5 милијарди евра од туризмот од кои 7,46 милијарди се од странските туристи. Најновите статистички податоци укажуваат дека оваа година бројките ќе бидат уште подобри. И покрај економската криза туристичката посета и потрошувачка во периодот од јануари до крајот на август се намалени  за само 5,9 односно за 3,4 проценти, соопшти денеска Банката на Грција.

Но, наспроти тоа во август, на врвот од туристичката сезона во Грција забележан е раст на потрошувачката кај странските туристи за 2,9 отсто во однос на истиот месец од 2011 година, на 2,49 милијарди евра.

Туризмот учествува со 16,5 проценти во бруто домашниот производ на Грција. Во секторот туризам во Грција работаат 758.000 луѓе или 18,4 осто од работната сила на земјата.
Слично

Поврзани вести