Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку чини топка сладолед во Сплит?

Koлку чини топка сладолед во Сплит?

Топка сладолед во хрватскиот град Сплит чини 3,5 евра, а се наплаќа и корнетот. 

Најевтината топка сладолед се продава за 70 центи, а најскапата за 3,5 евра.

„Слаткиот корнет е 1,5 евра. Тоа сепак е малку претерано“, велат жителите на Сплит. 

Сепак, за некои, сладоледот е евтин.

„Поевтино е отколку во Англија, а всушност многу поевтино отколку на други места во Хрватска“, велат Каролин и Рас од Англија.

И на други места во Хрватска просечната цена за топка сладолед е од 2 до 3,5 евра.

Медиумите пишуваат дека Хрватска е скапа за домашните туристи. 

На Слободна Далмација, читател им испратил сметка која покажува дека за две кафиња платил 14 евра. 

User786

Слично

Поврзани вести