Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чини одморот во Хрватска, а колку во странство?

Колку чини одморот во Хрватска, а колку во странство?

За странците Хрватска не е скапа, но ако стане скапа за домашните туристи тие ќе се свртат кон евтини дестинации. 

Колку пари треба да се одвојат за Хрватска во просек, а колку за во Грција, земја каде Хрватите одат?

Слободен кревет во Пула скоро и да нема, и не е ниту чудно што цените се високи. 

Полупансион за две лица чини до 200 евра. 

Но, во стартот на сезоната таа сума е 70-80 евра. 

„Хотелиерите можат да ги билдаат цените, повисоки или пониски“- вели Мануела Краљевиќ од Arena hospitality grup. 

Никаде на Јадранот не е евтино. Шест ноќевања во хотел со 3 ѕвезди во Задар чини 4600 куни. 

Во Макарска истото чини 4.157 куни, а во Шибеник за една ноќ ќе одвоите 240 евра. 

За Хрватите Јадранот е вистински избор, но тие бираат и евтини дестинации надвор од границите. 

Шест дена во Истанбул се нудат за 366 евра. 

Цените за одмор во Мароко варираат од бројот на ноќевања. 

Тунис е од 1500 до 2700 куни за недела. 

Грција и Малта се хит и се распродадени. 

Слично

Поврзани вести