Колку чини еден час работа во земјите од ЕУ?
Плаќањето за работа во приватниот сектор во Европската унија достигна во 2015 година во просек по 25,9 евра на час.
Најголема сума за 60 минути работа би добиле во Данска - 42,7 евра. Следните места на листата на 28-те земји од ЕУ ги заземаат Белгија (41,1 евра), Шведска (40,1 евра) и Луксембург (36,0 евра).
Германија е на осмото место, а најниски плати за труд добиваат работниците во Бугарија - 4,1 евра на час.
Полска со своите 8,4 евра на час е на далечното 23-то место, зад Чешка (10,1) и Хрватска (9,5), но пред Унгарија (8,1 евра), Летонија (7,5), Литванија (6,9) и Романија (5,0).
Трошоците за работна сила во Германија се зголемиле во 2015 година речиси двојно во споредба со Еврозоната.
Работодавците во приватниот сектор треба да плаќаат во просек по 32,7 евра во текот на изминатата година за еден час работа.
Тоа е 2,7% повеќе отколку во 2014 година, соопшти Федералната статистичка служба во Визбаден.
Во Еврозоната платата за еден час работа е зголемена во споредба со минатата година само 1,5 отсто до 29,6 евра.
