Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чини да се учи во најпрестижните универзитети во светот?

Колку чини да се учи во најпрестижните универзитети во светот?

Многу млади луѓе сонуваат да учат во „Харвард“ или “Кембриџ“, но не можат да си го дозволат тоа не поради умствените способности, туку поради високите такси. Најпрестижните институции за шклување држат навистина високи цени, особено за странци. Сепак постојат и такви чии водичи сфатиле дека парите не треба да се пречка за добро образование, и имаат симболични суми.

Колку чини годишната обука во дипломирачки степен во најпознатите универзитети во светот открива сајтот Adme.ru. (Износите се во просек).

САД

МИТ (Масачусетски технолошки институт) - 46 704 долари

„Харвард“ - 45 278 долари

Британија

„Оксфорд“ - 27 753 долари

„Кембриџ“ - 29 927 долари

Швајцарија

Швајцарскиот федерален институт за технологија - 1320 долари

Канада

Универзитетот во Торонто - 31 000 долари

Шведска

Кралскиот институт за технологија - 23 000 долари

Русија

Московски државен универзитет „М.В. Ломоносов“- 5000 долари

Франција

Сорбона - 280 долари. Обуката во Сорбона е бесплатна, но мора да се покријат некои регистарски такси, кои ја изнесуваат таа сума.

Австралија

Австралиски национален универзитет - 27 000 долари

Германија

Лудвиг Максимилијан универзитетот во Минхен - обуката за странски студенти е бесплатна.

Чешка

Карловиот универзитет - 3200 долари

Кина

Меѓународниот универзитет - 4695 долари

Слично

Поврзани вести