Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чини барел нафта?

Колку чини барел нафта?

Цените на нафтата се доближуваат до 85 долари за барел, а Иран се закани дека енергија ќе има или за сите или ќе нема за никого. 

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се задржаа близу 85 долари за барел, што укажува на претпазливост кај инвеститорите во проценките на ризикот за снабдувањето од регионот на Персискиот Залив, по најновите сигнали од САД и Иран.

Барел нафта на лондонскиот пазар попладнево се тргуваше по цена од 85,05 долари, речиси непроменета во однос на вчерашното затворање. Поголеми промени немаше ниту на американскиот пазар, каде барелот достигна цена од 79,66 долари.

Договорената американско-иранска рамка за преговори за завршување на војната ја потврди иранската контрола врз теснецот, при што Техеран повторно предупреди дека бродовите мора да го користат исклучиво „безбедниот“ поморски коридор долж иранскиот брег. Во неколку наврати иранската војска лансираше беспилотни летала и проектили кон бродови што се обиделе да поминат низ теснецот покрај брегот на Оман.

Иако договорот овозможи танкерите блокирани во Персискиот Залив повторно да започнат со пловидба, иранските сили продолжија со напади врз бродови кои се движеле по правецот покрај Оман.

САД одговорија со напади врз цели во јужниот дел на Иран, по што Техеран изврши напади врз американски воени бази во регионот на Персискиот Залив. Во последните денови американските напади се интензивираа, по што Иран го суспендираше поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. 

Слично

Поврзани вести