Колку чини барел нафта?
Цените на нафтата денеска паднаа под 71 долар.
Ова се случи поради знаците дека производителите од Заливот се борат за купувачи во услови на постепена нормализација на транзитот низ Ормутскиот теснец.
Барелот во Лондон се тргуваше за 78 центи пониско попладне од вчерашното затворање од 70,79 долари. На американскиот пазар беше за 90 центи понизок на 67,68 долари.
Најмалку пет супертанкери што носат 10 милиони барели нафта од саудискиот нафтен гигант Сауди Арамко го напуштија пристаништето Рас Танура и пловеа низ Ормутскиот теснец кон Оманскиот Залив, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори и поморски податоци.
Слично
