Колку чини барел нафта?
Се намалија цените на нафтата. Тие денеска паднаа на меѓународните пазари под нивото од 92 долари, поради стравот од светска рецесија, која би ја намалила побарувачката.
На лондонската берза цената на барелот беше пониска за 37 центи во однос на претходното затворање и се тргуваше за 91,97 долари.
На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по скоро непроменета цена од 86,44 долари.
Повеќе нафта би можело да дојде на пазарот доколку Иран и Соединетите Американски Држави (САД) ја прифатат понудата на Европската унија (ЕУ), која би ги укинала санкциите за извозот на иранска нафта.foto freepik.com/Kerfin7
Слично
