Колку чини барел нафта?
Поскапе нафтата. Цената на барел нафта на светските берзи порасна за повеќе од два долари.
Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 2,09 долари на 108,71 долари, откако вчера поскапе за 2,22 долари. На американскиот пазар цената на барелот скокна за 2,36 долари, на 99,62 долари, по вчерашниот раст од 2,28 долари. Залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа за 4,5 милиони барели, а побарувачката за бензин во САД се зголеми за 8,5 отсто, покажуваат податоците на американската Влада. Цените на нафтата скоро се удвоија во однос на една година претходно поради војната во Украина и глобалното економско заздравување по пандемијата.
Инаку, и покрај санкциите приходот од извоз на нафта на Иран сe зголемил за 580 отсто.
foto freepik.com/dvoevnore
