Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чинат штетите од катастрофите годинава?

Колку чинат штетите од катастрофите годинава?

Катастрофите во светот оваа година нанеле штета за 158 милијарди долари. 

Во исто време осигурителните компании исплатиле  едвај 42 милијарди долари за отстранување на последици од катастрофите

Општите економски загуби од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот, во целиот свет за оваа година изнесуваат 158 милијарди долари. Тоа е за 1,5 пати повеќе отколку во 2015 година, кога соодветните загуби биле 94 милијарди долари, информира ТАСС, повикувајќи се на податоци на швајцарската реосигурување компанија Swiss Re.

За 2016 година вкупните економски загуби од сите катаклизми, како природни, така и по човечка вина, изнесуваат не помалку од 158 милијарди долари, се наведува во извештајот на компанијата. 

Компанијата наведува дека голем дел од штетата (150 милијарди долари) се нанесени од стихијни катастрофи. Најголеми штети имало од земјотресите во Јапонија во април оваа година. Во Кумамото беа уништени целосно или делумно над 30.000 домови. 

Меѓу деструктивните природни катаклизми се споменуваат исто земјотресот во Италија, поплавите во САД, Европа и Азија, ураганот „Метју" во САД, големите шумски пожари во Канада. Според статистиката како резултат на стихија во 2016 година загинале околу 10.000 лица. 

Слично

Поврзани вести