Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чинат договорените градежни работи во странство?

Колку чинат договорените градежни работи во странство?

Во периодот јануари-декември 2016 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 780 107 илјади денари што е за 26.9% помалку во споредба со истиот период од лани,  покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2 395 517 илјади денари што е за 19.4% помалку во споредба со истиот период од претходната година.  Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Словенија, Босна и 
Херцеговина и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. 
Вредносните податоци за периодот јануари-декември 2016/2015 година се дадени врз база на паритетот 1 САД  долар = 56.3744 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2016 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 669 372 илјади денари што е за 27.2% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Слично

Поврзани вести