Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку борци се вратиле во БИХ, а колку ќе се вратат во ЕУ од Сирија и Ирак?

Колку борци се вратиле во БИХ, а колку ќе се вратат во ЕУ од Сирија и Ирак?

Европската унија(ЕУ) се соочува со можото враќање на од 2.000 до 2.500  лица, кои се бореле на страната на терористите во Сирија и Ирак. 

Овој податок се однесува на сите 28 земји членки, соопштил босанскиот министер за безбедност, Драган Мектиќ. Вели  дека тврдењата дека само 1.000 од нив ќе се вратат во Босна и Херцеговина (БиХ) се несериозни.

Во интервју за телевизијата N1, Мектиќ кажал дека изјавите на хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ за размерите на терористичките закани во БиХ се неодмерени и неосновани, пренесува Hina.

„Сметам дека тоа е целосно неодмерена и неоснована изјава“- изјавил Мектиќ. 

Тој додал дека „не е домашна задача на еден претседател на држава јавно да говори за податоци во врска со тероризам“, затоа што тоа е работа на безбедносните служби, кои треба да проценат дали некоја информација е веројатна и што треба да се преземе во врска со тоа.

Министерот објасни дека во БиХ од сириското и ирачкото боиште се вратиле 46 лица, од кои 20 веќе се процесуирани. За преостанатите 115 државјани на БиХ, кои според податоците на полициските и разузнавачките агенции се уште престојуваат таму, Мектиќ додал дека „тие најверојатно нема ниту да се вратат во БиХ“.


Слично

Поврзани вести