Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку богатство имаат жителите на трите најбогати земји?

Колку богатство имаат жителите на трите најбогати земји?

Населението на само три земји во светот има вкупно богатство од над 10 илјади милијарди долари.

Според истражувањето на „New World Wealth“ направени се две листи, на најбогатите земји според вкупното богатство на сите граѓани и земјите со највисока просечна вредност на богаството.

Прва е САД  со 48.9 илјади милијарди долари, а втори и трети се рангираат Кина и Јапонија. Агрегатното богатство на населението во двете азиски земји е 17,4 и 15,1 илјади милијарди долари.

Во рангирањето се Британија и Германија со 9.2 и 9.1 илјади милијарди долари, надминувајќи ги Франција и Индија. Топ 10 се дополнува со Канада, Австралија и Италија.

Во последните 15 години раст има во богатството на жителите на Кина, додека само во последните 12 месеци, Италија е поместена од Индија, Канада и Австралија од седмата позиција.

Просечниот износ на богатството на населението на Монако е 1.556 милиони долари, а во Лихтенштајн овој износ е 610 илјади долари.

Третата позиција е за Швајцарија, каде што секој човек има 284 илјади долари, надминувајќи ги Австралија со 203 илјади долари и Норвешка со 193 илјади долари.

Во топ 10 влегуваат и Луксембург, Сингапур, САД, Велика Британија и Шведска.
Слично

Поврзани вести