Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку бегалци има во Гевгелија и на Табановце?

Колку бегалци има во Гевгелија и на Табановце?

Во Гевгелија има 133 бегалци, а 76 се на Табановце, стои во неделниот извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права, за состојбата со бегалците на граничните премини, изготвен минатата недела.

Број на бегалци во кампот во Гевгелија е непроменет од минатата недела. Од Хелсиншки наведуваат дека се поставени климатизери во куќарките каде недостигале, но и дека се прави бекатонска патека во внатрешноста на целиот камп.

„Шестчлено семејство се откажало од поднесеното барање за азил, наводно поради несоодветна здравствена заштита и нега на две од нивните четири деца, кои имаат сериозни нарушувања на видот. Во кампот повремено се носат бегалци кои се затекнуваат по илегални патишта. Така, во текот на оваа седмица вкупно 82 бегалци беа донесени во приемниот шатор, а брзо потоа беа пренесени на грчка страна. Групите беа составени од бегалци од различно потекло, односно од Сирија, Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Мароко“- пишува во извештајот.

На Табановце бројот на бегалци во кампот кој на почетокот на седмицата изнесувал 95, е намален на 76 лица кои се со потекло од Сирија. Тие по краток престој во кампот го продолжуваат своето патување.

„Во текот на седмицата, пристигнаа тројца бегалци од Алжир, на кои откако им беше укажана хуманитарна помош, од страна на надлежните институции им беше соопштено да го напуштат кампот“- стои во извештајот.

Во Прифатниот центар за странци во Гази Баба во текот на минатата седмица се задржани 38 лица, а во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово има 25 бегалци. Во Безбедната куќа во која се згрижуваат ранливи групи односно жени и деца без придружба, во моментот се  наоѓаат 11 бегалци.

Слично

Поврзани вести