Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкаво поскапување на струјата можеме да очекуваме?

Колкаво поскапување на струјата можеме да очекуваме?

Доколку Регулаторната комисија за енергетика ги прифати барањата на енергетските компании центата на сметка за струја би се зголемила за 5 отсто. 

Тоа значи дека на сметките од 1.000 денари покачувањето би било за најмногу 50 денари. 

„Компаниите веќе ги доставија своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат. МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија“,  велат од Регулаторна комисија за енергетика. 

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторија дека до Собранието ќе предложат намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5 проценти. Струата лани поскапе за 7,4 отсто.

Слично

Поврзани вести