Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкави се платите во Германија и од што зависат?

Колкави се платите во Германија и од што зависат?

Од 2022 година просечната годишна заработка на Германците изнесува 50.700 евра, пишува Феникс магазин. 

Тоа се 4.225 евра бруто месечно, со работен час од 26 евра бруто. Но, магазинот пишува дека пожарникарите, негувателките и медицинските сестри можат само да сонуваат за тие плати. 

Според stepstone.de, негувателките во Германија имаат просечна бруто заработка од 34.200 eвра годишно. Но, висината на платата многу зависи од регионот, професијата и полот. Лекар во Минхен ќе заработи повеќе од благајник од Лајпциг. Жените имаат за 18 отсто пониски плати од мажите. Во секторот финансии и осигурување просечната бруто плата е 5.762 евра. За разлика од нив, вработените во секторот угостителство имаат просечна бруто плата од  2.461 евро. За 12.200 евра помала годишна заработка имаат работниците на истокот, за разлика од западот на Германија. 

Слично

Поврзани вести