Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкави се платите на светските лидери?

Колкави се платите на светските лидери?

Овие денови имавме прилика да прочитаме како претседателот на Русија Владимир Путин самиот си ја намали платата за 10 одсто, додека во март платата на германската канцеларка Ангела Меркел е зголемена за 2,2 одсто.

Колкави се платите на светските лидери? Со тоа се позанимава „CNN Money“ кој на прво место го ставиле претседателот на САД Барак Обама кој има годишна плата од 400.000 долари.

По него следи премиерот на Канада Стивен Харпер со годишна плата од 260,000 долари, па споменатата Меркел со 234,400 долари годишно.

Потоа следи Јакоб Зума, претседателот на Јужна Африка со 223,500 доалри, британскиот премиер Давид Камерон со 214,800 долари, премиерот на Јапонија Шинзо Абе со 202,700 долари годишно.

На седмото место се наоѓа претседателот на Франција Франсоа Холанд со 194,300, следи Путин со 136,000, по него е Италијанскиот премиер Матео Рензи со 124,600 и претседателката на Бразил Дилма Роусеф со 120,000 долари годишно.

Интересно е дека кинескиот претседател Кси Џинпинг прима само 22,000 долари годишно што е сепак повеќе од претседателот на Србија кој годишната плата му е околу 16,000 долари.

Слично

Поврзани вести