Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкави се годишните приходи на познато скопско адвокатско-нотарско-извршителско трио

Колкави се годишните приходи на познато скопско адвокатско-нотарско-извршителско трио


Вкупно 165 милиони денари или речиси 2,7 милиони евра се вкупните годишни приходи на една адвокатска канцеларија, извршител и нотарка. Фактор ги анализираше приходите на адвокатската канцеларија „Чукиќ и Марков“, извршителката Моника Муча и нотарката Снежана Сарџовска од 2017-та. Заедно заработиле 17,5 милиони денари или 285 илјади евра, колку што е прикажаната добивка на трите фирми заедно. Адвокат, нотар и извршител се трите клучни алки кои учествуваат во наплатата на заостанатите сметки на граѓаните. Фактор ги доби податоците од централниот регистар.

Добивката на Адвокатската канцеларија „Чукиќ и Марков“ во претходните две години односно во 2017 и 2016 заедно е нешто повеќе од еден милион евра. Со 49 вработени во 2017 има вкупен приход од 150,4 милиони денари, што е за околу 40 милиони денари помала заработка во однос на една година претходно. На страната на расходите, во 2017 тие биле 134 милиони денари, речиси идентично како во 2016 година. Според тоа, добивката на „Чукиќ и Марков“ за лани е чисти 14 милиони денари, што е многу помалку од една година претходно кога таа била изнесувала неверојатни 48,8 милиони денари. Нетековните средства што ги држи канцеларијата изминатите две години како неактивни се 27 милиони денари. 

Извршителката Моника Муча во 2017 година прикажала приходи од 9,9 милиони денари. Пријавила расход од 6,2 милиони денари, па според тоа добивката пред оданочување е 3,68 милиони денари. Таа пријавила и пет работници во својата канцеларија, која патем е опремена во вредност од 300.000 денари. 

Интересно кај Снежана Сарџовска е тоа што приходот и е речиси еднаков на расходот а има канцеларија со 10 вработени и опрема во вредност од 1,08 милион денари. Нето годишната добивка за 2017и е само 70.000 денари. Вкупните приходи и расходи се по 5 милиони денари. 

За една неплатена месечна комунална сметка од 1.500 денари, трошокот на должникот може да достигне и до 15.000 денари кога тука ќе се препишат и „трошоци на извршување“ во кои има и награда, трошоци за застапување на доверителот од адвокат, казнена камата, камата на процесни трошоци и камата на главен долг. 

Собранието на 18 декември ги донесе измените во законот за извршување со кои се намалуваат наградите и каматите во ценовникот при налозите, а истиот треба наскоро да стапи во сила.

Александар Кузмановски

Слично

Поврзани вести