Колкави резерви на нафта поседува Иран?
Иран располага со едни од најголемите резерви на нафта во светот. Според последните проценки, земјата има околу 208 милијарди барели докажани резерви на нафта, што ја става на третото место во светот, зад Венецуела и Саудиска Арабија. Овие резерви претставуваат приближно 11 до 12 проценти од вкупните светски резерви на нафта.
Иран во просек произведува околу 3 до 3,5 милиони барели нафта дневно, што е значаен удел во глобалното производство. Поголемиот дел од иранската нафта се извезува кон азиските пазари, особено во Кина и други земји од регионот.
Покрај огромните резерви на нафта, Иран располага и со втори најголеми резерви на природен гас во светот, веднаш зад Русија. Овој енергетски потенцијал ја прави земјата еден од најважните фактори на светскиот енергетски пазар. Иран најголем дел од нафтата го извезува во Кина. Мал дел оди во Сирија и во ОАЕ.
foto freepik.com
