Колкави резерви на гас и нафта има Русија?
Русија има резерви на нафта и на природен гас за најмалку 40 до 50 години.
Ова го изјави денеска министерот за енергетика Кирил Молодсов, на маргините на форумот за гас што се одржува во Санкт Петербург.
„Имаме гас за уште најмалку 40 до 50 години“- изјави министерот, коментирајќи ја изјавата на директорто на „Сбербанка“, Герман Греф, за тоа дали резервите би можеле да бидат потрошени од 2028 до 2030 година.
Тој кажа дека целосната зависност од нафта и од гас е болна за економијата и дека се надева дека е поставена основа за промена на кавлитетот на економски пораст на Русија.
Греф, смета дека Русија може да остане без нафта и гас до 2028-2030. година.
„Зборувам за период кога можеме да останеме без минерални ресурси. Моето мислење е дека тоа може да се случи во период од 2028. до 2030. година. Можеби грешам, но доколку ги земеме во предвид сите трендови кои ги гледаме денес, таквиот суров циклус за сировините е реален, па мора да се подготвиме за тоа"- кажал Греф.Тој се надева дека се поставени темели за промена на економскиот раст на Русија.
