Koлкави плати земаат Црногорците?
Црногорците земаат просечна плата од 720 евра.
Статистиките покажуваат пораст на платите. Просечната нето плата во октомври е зголемена за 34,8 отсто во однос на истиот месец минатата година. Просечната бруто плата во октомври изнесувала 891 евро. Доколку се земе предвид дека потрошувачките цени во октомври во однос на септември скокнале за 1,4 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи пад од 1,1 отсто.
Сепак, на Црногорците им требаат повеќе пари за живот. Вредноста на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во октомври, според податоците на Монстат, изнесува 793,9 евра, што е за 1,6 отсто повеќе во однос на септември, а за речиси 19 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави РТЦГ.
