Колкава е вредноста на рубљата во однос на доларот?
Курсот на доларот падна под 66 рубљи првпат по две години.
Рубљата денеска го започна тргувањето на Московската берза со раст, на американскиот долар накусо се намали по нивото од 66 рубљи, што е првпат по март 2020 година.
Податоците од берзата за 10 часот по московско време, покажуваат дека крусот на доларот со пресметки за следниот трговски ден, се намалил за седум копејки, на 66,23 рубљи, а на еврото за 49 копејки, на 69,95 рубљи.
Извесно време накусо доларот се намалил на 65,31 рубљи, што е најниското ниво на американската во однос на руската валута од март 2020 година, иако утрото доларот се искачил на максималните речиси 67 рубљи.
Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина, а во март нагло се намали вредноста на оваа валута.
