Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава е сумата на ненаплатен данок во општините?

Колкава е сумата на ненаплатен данок во општините?

Општините дозволиле да застарат до 50 милиони евра неплатени даноци и такси.

Недостатоци во законската регулатива, недостиг на кадар, застарени системи и слаб фискален напор се главните причини поради кои македонските општини не успеваат ефикасно да ги наплатуваат локалните даноци, такси и надоместоци. Ова го покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија, за периодот од 2020 до 2024 година.

Ревизорите констатирале дека во овој период општините акумулирале 2,93 милијарди денари ненаплатени побарувања, односно околу 47,8 милиони евра, по основ на даноци, такси и надоместоци. Истовремено, биле отпишани дополнителни 233,9 милиони денари побарувања. Особено загрижува фактот што 67 проценти од ненаплатениот данок на имот е постар од пет години, што, според ревизорите, е показател за слаб фискален ангажман на локалните власти.

Во извештајот се наведува дека постојната законска рамка не овозможува ефикасна наплата на локалните приходи. Регистарот на недвижности не се ажурира по службена должност, роковите за плаќање не се јасно утврдени, а не е регулиран ниту начинот на доставување на даночните решенија.

Дополнителен проблем е застарената методологија за проценка на вредноста на објектите. Таа не ги опфаќа новите видови градби и современите материјали, а цените што се користат при пресметката со години не се усогласени со пазарната вредност. Поради тоа, даночната основа се потценува, а општините инкасираат помалку приходи.

Од вкупно сите општини, само 15 спровеле ревизија на пазарната вредност на недвижностите, што укажува на нееднаква примена на прописите.

Ревизијата покажува дека голем број општини немаат доволно административен кадар за навремено и целосно администрирање на локалните приходи.

Слично

Поврзани вести