Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлкава е просечната плата во Загреб?

Koлкава е просечната плата во Загреб?

Растат платите во хрватската престолнина Загреб. 

Просечната нето-месечна плата што ја исплатиле компаниите во овој град во мај била 8.863 куни (1.182 евра). Тоа е раст за 7,4 отсто во споредба со мај 2021 година, покажуваат податоците на градското одделение за стратешко планирање и развој, цитирани од Хина.

За споредба, просечната нето плата во земјата е 7.690 куни (1.025 евра). Највисока просечна нето плата е исплатена во секторот вадење нафта и гас – 15.851 куни (2.113 евра), а најниска плата примаат оние кои работат во секторот за производство на кожа – 4.883 куни (651 евро), пишува БТА. Извесно време статистиките покажуваат раст на платите во Загреб. 

foto freepik.com/wirestock

Слично

Поврзани вести