Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава е просечната бруто плата за директор на ЦКБ Банка?

Колкава е просечната бруто плата за директор на ЦКБ Банка?

За сите 252 вработени лани ЦКБ Банка платила фиксен дел од 2,5 милиони евра. Половина милион евра се платени на 22 менаџери од средно ниво (раководство на филијали, раководители на организациски единици н.з.), а за тројцата врвни директори просечно лани банката плаќала бруто износ од 3.840 евра однос 138.200 евра

Просечната бруто месечна плата по член на Управен одбор на Централна кооперативна банка (ЦКБ) за 2020 година изнесува 3.840 евра. Вкупно лани банката на врвните тројца менаџери: Неделин Василев Валчев, претседателот на управниот одбор и членовите Орце Трајковски и Станимир Станчев платила 138.200 евра, покажуваат официјалните податоци достапни во годишниот извештај за работењето на банката лани. Значајно за истакнување е тоа што лани банката за своето врвно водство (тројцата членови на Управниот одбор н.з.) платила само фиксен дел за надомест т.е плати, а не платила варијабилен дел односно награди за успешност иако банката лани има речиси дуплирана добивка во споредба со претходната година.

Само за потсетување создавање на контекст за тоа колку се платени врвни банкарски менаџери во земјава, ќе потсетиме дека лани најголемата банка според активата „Комерцијална банка“ на своите тројца врвни менаџери им платила вкупен износ што надминува 1 милион евра за остварената добивка што лани надмина 30 милиони евра.

Според официјалните достапни податоци лани на 22 раководни лица (лица со посебни овластувања и одговорности н.з.) банката има платила вкупно 514.000 евра за фиксни надоместоци. Тоа значи дека менаџер од средно ниво во ЦКБ Банката лани бил платен 1.950 евра бруто на месечно ниво односно речиси 2.000 евра помалку од врвниот менаџмент.

За своите 227 вработени лица лани ЦКБ исплатила плати и други фиксни надоместоци во бруто износ од 1,85 милиони евра. Односно 679 евра просечно бруто месечно по вработен. Вкупно за сите 252 вработени во вертикалната на ЦКБ Банка лани се исплатени 2,5 милиони евра. 

Како работеше ЦКБ Банка лани?

„Централна кооперативна банка“ (ЦКБ) лани оствари одличен раст на добивката и заврши со профит од 277.000 евра што е безмалку двојно повеќе од добивката во 2019 година. Нето приходите на оваа банка која е во острата конкуренција на 5 најмали банки се 4,55 милиони евра и тоа е за 1 отсто подобар резултат од претходната година, што во услови на корона е солиден успех со оглед на ограничените услови на стопанисување, зголемената неизвесност во сите економски гранки и намалената економска активност. Солиден раст бележат нето приходите од провизии и надоместоци кои изнесуваат 1,425 милиони евра и тоа е за 197.000 евра повеќе од 2019 година и тоа е солиден раст од 16 отсто. Останатите приходи од дејноста изнесуваат 155.000 евра. Над 160.000 евра банката лани инкасирала од курсни разлики на нето основа.

Клуч на успехот на ЦКБ банка лани се резервациите и речиси анулирaните трошоци т.е. загубата поради оштетување на нефинансиските средства . Резервациите изнесуваат 325.000 евра и тоа е за 126.000 евра помалку од 2019 година, а загубата поради оштетување нефинансиски средства е само 300 евра.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести