Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава е инфлацијата во Македонија?

Колкава е инфлацијата во Македонија?

Индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи зголемување од 4 oтсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, објави Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, изнесува 0,5 отсто. 

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 1,7 отсто, Рекреација и култура за 0,9 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 отсто, Ресторани и хотели, Здравје за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,2 отсто, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести