Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава е инфлацијата во Израел?

Колкава е инфлацијата во Израел?

Годишната стапка на инфлација во Израел се намали на 3,1 процент во јули.

Годишната стапка на инфлација во Израел се намали во јули од јунските 3,3 на 3,1 проценти и се приближи до горната граница на целниот опсег на Банката на Израел од три проценти, објави вчера статистичката служба на земјата.

Најголеми зголемувања на цените се забележани во транспортот 1,6 проценти, културата и забавата 1,3 проценти, одржувањето на домувањето 1,1 процент.

Во истиот период, цените на текстилот и обувките се намалија за 4,2 проценти, како и цените на свежото овошје и зеленчук за 0,9 проценти, мебелот и опремата за домаќинството за 0,4 проценти, објавува израелскиот портал „Глоубс“.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести