Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава е цената на нафтата на меѓународните берзи?

Колкава е цената на нафтата на меѓународните берзи?

Цените на нафтата вчера се задржаа на меѓународните берзи близу до нивото од 51 долар, затоа што вниманието на пазарите е насочено кон информациите за продолжено зголемување на иранското и либиското производство. 

Дополнителен проблем беше и јакиот долар. На лондонската берза цената на барелот остана скоро иста во однос на претходното затворање и изнесуваше 50,67 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше за 48,57 долари.

Дополнително цените денеска ги изненади и јакиот долар, кој го достигна највисокото ниво во последните 13 дена. 

Вниманието сега се свртува кон неделните извештаи за резервите во САД. Анкетата на Ројтерс покажа дека аналитичарите очекуваат раст на резервите минатата недела за 2,7 милиони барели.

ОПЕК денеска објави дека референтната цена на неговата нафта во понеделник изнесувала 46,64 долари, што значи дека пораснала за 2,01 долар во однос на претходниот ден на тргување.

Вкупниот извоз на иранскa сурова нафта и на кондензат минатиот месец достигна до околу 2,8 милиони барели на ден, соопшти агенцијата Ројтерс. 

Со тоа извозот на сурова нафта од Техеран речиси го достигна својот врв од 2011-­та година пред наметнатите санкции врз земјата од Западот. Производството е зголемено и во Либија.

Последните податоци исто така покажуваат дека производството на земјите членки достигна нови врвови во септември – 33,6 милиони барели на ден, при 44.53 во август, наведува Ројтерс.

В четврток ќе бидат објавени и податоците за резервите во САД, кои се исто така важен индикaтор за пазарите.

Слично

Поврзани вести