Колкава е цената на гасот во Европа?
Стабилна е цената на гасот. Таа на денешното отворање на тргувањето на лондонската берза ИЦЕ се одржува на околу 1.200 долари за илјада кубни метри. И вчера гасот беше со иста цена.
Во Европа на 21 декември цената на гасот за првпат во историјата се искачи на 2.000 долари за 1.000 кубни метри. Сепак, во следните денови цената се коригираше, а аналитичарите тоа го објаснуваат со веста дека за една третина се зголемил бројот на танкери кои превезуваат течен природен гас ЛНГ од САД во Европа.
На 21 декември Русија ја запре испораката на гас преку Јамал-Европа, што пак веднаш предизвика страв на пазарите.
Слично
