Колкава дивиденда ќе дели ТТК Банка?
ТТК Банка АД Скопје донесе одлука својата добивка остварена во 2017 година како дивиденда да им ја подели на сите акционери. Одлуката е донесена на неодамнешното Собрание на акционери каде е решено да се поделат 94 милиони денари како дивиденда, што е отприлика 1,5 милиони евра.
Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 104 денари. Исто така ТТК Банка АД Скопје го утврди и целосниот дивиденден календар. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.04.2018 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.04.2018 година. Исплатата на дивиденда ќе започне од 2 мај годинава.
ТТК Банка исто така донесе одлука дел од добивката во износ од 5,7 милиони денари да се пренасочи во резерви на компанијата.
7,8 милиони денари ќе бидат наменет за награди на членовите на Надзорниот и Управниот одбор за постигната деловна успешност во 2017 година.
