Колкава дивиденда би дала „Комерцијална банка“?
Во недостиг на официјални најави или информации, најсигурно е да се фатиме за историјата. А таа покажува дека во годините кога делела дивиденда нејзиниот износ бил од 27,6 отсто до 41,4 отсто од добивката. Просекот на тие износи е 34,4 отсто и ако се случи во пракса би значело од 63 до 95 денари во бруто износ по акција...
Колкава дивиденда би можела да подели „Комерцијална банка“? Ова веројатно е најинтензивно поставувано прашање во дискусиите на инвеститорите на домашниот пазар на капитал. Засега нема официјални најави ниту какви било информации врз основа на кои може да се направи издржана проценка за тоа дали „Комерцијална банка“ ќе подели дивиденда и ако подели во кој износ ќе биде тоа.
Надежите на инвеститорите ги подгреа во голема мерка добивката што банката ја прикажа во неодамна објавените неревидирани и неконсолидирани финансиски извештаи и таа изнесува 8,25 милиони евра. Во недостиг на официјални најави, изјави или каква и да е информација засега единствено некаква прелиминарна проекција може да се прави само врз основа на историските податоци за дивидендата што таа банка ја делела во годините кога имало ваков принос.
Историските податоци покажуваат дека од 2007 година заклучно со 2014 година банката делела дивиденда за шест години последователно заклучно со 2012 година. Тенденцијата покажува дека проценуталното учество на поделената дивиденда во добивката се зголемувало токму во последните две години кога е поделена односно во 2011 и во 2012 година и тогаш била 41,4 отсто односно 40,5 отсто од основната заработувачка по акција. Најголем апсолутен износ пак дивидендата била во 2010 и во 2011 година кога изнесувала 200 денари за акција.
Во 2007 и во 2008 година била 190 денари за акција, а во 2009 година поделиле 170 денари по акција. Најмала дивиденда е поделена во 2012 година и износот е 100 денари за акција. Доколку предвидувањето се прави според достапните официјални податоци на „Сеи Нет“ просечната исплатена дивиденда во годините кога ја имало била 34,4 отсто од основната заработувачка по акција. Во случајот ако има дивиденда за 2015 година и ако се оди по тоа правило таа би се движела од 63 до 95 денари во бруто износ.
Р.Ф.

Слично