Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав раст прогнозира Светска банка за Македонија и регионот?

Колкав раст прогнозира Светска банка за Македонија и регионот?

Поради продолжување на политичката криза во земјава,  економскиот раст оваа година ќе биде 2%.

Ова го прогнозира Светска банка во најновиот Економски извештај за регионот на Европа и Централна Азија. Политичката ситуацијата е главен ризик фактор на краток рок, а зголемениот фискален ризик поради брзото темпо на раст на државниот долг може негативно да влијае на растот на среден рок. Спроведувањето на фискална консолидација, со политика на фискална одржливост и смирување на јавниот долг ќе помогнат за справување со ваквите ризици, наведува Светска банка. 

По  разрешување на кризата што се очекува кон крајот на годинава, растот догодина треба да 3,3%  и 3,7% во 2018 година.

Поради продолжената политичка нестабилност во Македонија,  негативно реагираа и приватните инвеститори.

Како главни двигатели на економскиот раст СБ ги наведува приватната потрошувачка и зголемените инвестиции, особено јавните инвестиции поврзани со изградбата на двата нови автопата.

Според Светска банка, се очекува трендот на намалувањето на сиромаштијата  да продолжи. Растот на платите и нови вработувања ќе имаат клучна улога за намалување на сиромаштијата.

Од земјите во регионот се предвидува најголем раст оваа и наредната година да има Косово со 3,6% и 3,9%, а во 2018 година Косово и БиХ со проектиран раст од 3,7%. 

За годинава растот на економијата во Хрватска ќе биде 2,4%, следната два и во 2018 година 2,4%. 

Во Србија се предвидува растот да биде за годинава 2,5% следната 2,8 и во 2018 година 3,5%. 

Во Албанија растот на БДП годинава ќе биде 3,2%, следната 3,5 и во 2018 година 3,5%. 

Во Бугарија растот на БДП ќе биде 2,7%, следната 2,9 и во 2018 година 3,1%. Во Црна Гора растот на економијата за годинава според Светска банка ќе биде 3,2%, следната 3,6 и во 2018 година 3%. 

Во БиХ за годинава растот е проектиран на 2,8%, следната 3,2 и за 2018 година 3,7%. 

За глобалните економски перспективи СБ објавува извештаи два пати годишно, а понекогаш дадените прогнози се ревидираат. 


Слично

Поврзани вести