Колкав раст предвидува Светска банка за македонската економија годинава?
Светска банка во најновата прогноза за растот на економијата, предвидува дека Македонија ќе има раст од 3,7 %.
Како ризици се споменати политичката несигурност и мигрантската криза.
Во земјите од регионот, Светска банка годинава предвидува раст на економијата на Албанија од 3,2%, на БиХ 2,6 %, Бугарија 2,2 %, Хрватска 1,9 %, Косово 3,6% и Србија 1,8 %.
Догодина растот на БДП во Албанија ќе биде 3,5%, БиХ 3,1%, Бугарија 2,7 %, Хрватска 2%, Косово 4%, Црна Гора 3,1% и Србија 2,3 %.
Светската банка во извештајот ја намали прогнозата за растот на светската економија. Развиените економии се опоравуваат бавно, а ниските цени на суровините им пречат на другите земји. Светската економија ќе постигне раст од 2,4% оваа година, исто како и лани.
