Колкав раст имала економијата во третиот квартал?
Македонската економија во третиот квартал имала раст од 2,4%.
Овој податок го објави Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје од 2016 година, најголем пораст е забележан во секторите стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 10,9%, градежништвото од 10,3% и информации и комуникации од 5,6 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 5,3%, а нејзиното учество во структурата на БДП е 64,1%.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,1%.
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2016 година изнесува 2,2%.